Ристески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување, процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации

Ристески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување, процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации

пред 2 часа

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.

Во текот на денот, заедно со Даниела Димовска, Директорка на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Весна Пешова, заменик директор на Агенција на Вработување, претставници на општините и пратеници беа посетени центрите во Велес, Штип, Кочани, Виница и Берово каде вработените во центрите информираа за текот на пријавувањето зана јавниот повик.

– Вработените во центрите на АВРМ ме информираа дека процесот тече без проблеми и поголем застој, сите граѓаните можат слободно да аплицираат со нивните идеи за да отворат сопствен бизнис. Интересот за мерката е исклучително голем и до почетокот на денот пристигнати се речиси 4.400 апликации. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите заинтересирани да се пријават и да ги искористат бенефитите кои како Влада им ја нудиме за отворање на сопствен бизнис – кажа заменик-министерот Ристески.

За време на посетите заменик-министерот Ристески им се заблагодари на вработените за нивната работа и дополнителни напори овие две недели додека се активни јавните повици.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до утре, 3 јули 2026 година.

Текстот Ристески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување, процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top