Се врши враќање на дел од ДДВ-то изразено во скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ

Се врши враќање на дел од ДДВ-то изразено во скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ

пред 4 месеци

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела, извести УЈП.

„Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата.

Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација.

Апелираме до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка, најбрзо да ја внесат точно својата лична трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот!“, соопшти УЈП.

Текстот Се врши враќање на дел од ДДВ-то изразено во скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top