Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години

пред 2 часа

ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ, соопшти Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот: СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари – 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари – 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина“, објави Стојаноски на „Фејсбук“.

Тој додава дека е важно да се напомене дека средствата што ги исплаќала оваа влада биле без исклучок земени во мандатот на претходната влада.

„Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира“, вели Стојаноски.

Текстот Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top