„Струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари. Корисниците од третиот блок за сметка која до сега ја плаќале 4.000 денари, сега ќе треба да платат 4.120 денари. Дополнително на тоа ако имаат куќа на село, викендица, стан или втора куќа ќе платат и до 250 денари за мрежарина, со тоа вкупното покачување ќе биде и до 400 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу повеќе ќе плаќаат граѓаните кои се грејат на струја. Откако СДС е на власт струјата поскапи за 50%.
Лага се тезите дека субвенционираат сметки. Со СДС струјата е поскапа. Доколку работеа изминативе 7 години можеа да направат нови енергетски капацитети, наместо тоа, штанцаа тендери во РЕК.
Народот преку кредити ги плаќа пропустите на власта во енергетиката. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.