Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

пред 3 години

Концептот на хуманитарната активност е следен – компаниите донираат средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешање, трчање и возење велосипед)  од страна на нивните вработени.

За таа цел оваа година во проектот е здружен и нов партнер  – македонската апликација Challenger за мерење на физички активности, на начин што преку апликацијата Challenger ќе се регистрираат сите изминати километри од вработените во ИТ компаниите и ќе се прикажуваат на веб страницата It4charity (challenger.mk)

Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2021’ и во услови на пандемија продолжува со иновативни активности со цел да им помогнат на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село. Овој пат здружени со македонската апликација Challenger за мерење на физички активности.

Периодот на хуманитарната акција IT4Charity 2021 започнува на 15 Јули и ќе трае 4 месеци до средина на Ноември.

Во моментот се приклучени 8 ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Foxit, Cognism и Challenger, на кои сме неизмерно горди и ги очекуваме сите останати да ни приклучат.

Овој проект и  партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за

  • обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
  • за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
  • за осамостојување на младите во социјален ризик.

(ПР текст)

 

Share
Scroll to Top