Транспортните компании членки на Македонија сообраќај АМЕРИТ ќе бидат осигурени преку Кроација

пред 4 години

Кроација осигурување и СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска потпишаа Меморандум за соработка за осигурување на членките на АМЕРИТ. Сите транспортни компании и нивни вработени, членки на заедницата ќе имаат приватно здравствено и патничко осигурување преку Кроација. Соработката се должи на потребата на транспортните компании и професионалните возачи во меѓународниот транспорт да бидат осигурени и обезбедени соодветно потребите на оваа професија и експертизата на Кроација осигурување за обезбедување релевантни услови и комплетна осигурителна логистика.

За потребите на членките на АМЕРИТ, Кроација осигурување создаде здравствено и патничко осигурување, што соодветствува на високите европски и светски стандарди во меѓународниот транспорт, како и специфичните регулативи, кои наметнуваат високи нивоа на обезбедување на транспортерите.

„Професионализмот и високите стандарди што ги поставивме во работењето придонесуваат Кроација да биде приоритет при изборот на осигурувањето. Овозможуваме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Дополнителното патничкото осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт”, изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

„Транспортниот сектор, како еден од двигателите на економијата, во овој тежок период поради пандемијата со Ковид–19, којашто предизвика тешки последици врз транспортот, наметнува обврска за изнаоѓање дополнителни идеи и решенија за олеснување и подобрување на транспортот. Осигурувањето е еден од начините за справување и олеснување на транспортот, а воедно и на учеството на луѓето опфатени со него, како и постигнување повисок степен на сигурност и одговорност во секторот. Оваа нека претставува само еден од многуте начини и заложби за негово подобрување”, истакна управителот на АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

Со овој меморандум за соработка се опфатени околу 400 компании што вршат меѓународен патен транспорт низ земјите во Европската Унија, но и пошироко, и со тоа овозможуваат непречен проток на патници, стоки и добра.

 

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top