„Фолксваген“ во сериозни проблеми, загуба од 5,8 милијарди евра, ќе се укинат 100.000 работни места

„Фолксваген“ во сериозни проблеми, загуба од 5,8 милијарди евра, ќе се укинат 100.000 работни места

пред 1 час

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ забележа нето загуба од 5,82 милијарди евра во третиот квартал од оваа година. Ова е значително полош резултат во споредба со истиот период минатата година, кога загубата изнесуваше 1,07 милијарди евра. Како што пренесува „Ројтерс“, компанијата се соочува со пад на продажбата во Кина, царини во САД и високи трошоци за реструктуирање.

Во периодот од јули до септември, „Фолксваген“ оствари приход од 75,3 милијарди евра – што претставува пад од 6,3 отсто во споредба со претходната година. Оперативната загуба достигна 5,86 милијарди евра, додека аналитичарите очекуваа загуба од приближно 2,6 милијарди евра.

Резултатите во Кина, еден од најважните пазари за „Фолксваген“, се особено загрижувачки. Испораките на возила таму се намалија за 38,5 отсто во третиот квартал, паѓајќи на помалку од 406.000 автомобили.

На глобално ниво, „Фолксваген“ испорача 1,89 милиони возила, што претставува пад од 14,3 отсто во споредба со истиот период минатата година. Германскиот производител на автомобили веќе подолго време се соочува со сè посилна конкуренција од кинеските производители, особено во сегментот на електрични возила. Дополнителен притисок доаѓа од американските увозни царини, како и од трошоците поврзани со транзицијата кон електрични погонски системи.

Значителен дел од загубата се должи на еднократни трошоци во вкупен износ од околу осум милијарди евра. Тие главно се однесуваат на намалување на книговодствената вредност на бизнисот со Porsche, кој исто така бележи послаба продажба во Кина.

Поради сè потешките деловни услови, „Фолксваген“ спроведува обемна програма за реструктуирање. Раководството претходно се согласи на намалување од околу 50.000 работни места, а на почетокот на септември беше одобрен план за укинување на дополнителни 50.000 работни места.

Како резултат на тоа, вкупниот број на работни места опфатени со планираните кратења би можел да достигне 100.000.ција.

Текстот „Фолксваген“ во сериозни проблеми, загуба од 5,8 милијарди евра, ќе се укинат 100.000 работни места е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top