Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

пред 1 час

Значителните инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција (ВИ) го одржуваат глобалниот раст на ниво од околу три проценти и носат големи придобивки за многу азиски економии што го снабдуваат пазарот со хардвер – како што е Тајланд – изјави денеска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Бранот инвестиции во ВИ предизвика „шок во побарувачката и инвестициите“ што би можел да го забрза растот во развиените економии во регионот за половина до еден процентен поен, а во економиите во развој во Азија за 0,2 до 0,8 процентни поени, рече таа.

„Токму ова префрлање во повисока брзина го одржува глобалниот економски раст на околу три проценти, и покрај забавувањето предизвикано од шокот во снабдувањето со енергија“, изјави Георгиева на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во главниот град на Тајланд.

За што ќе се разговара на состаноците?
Годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка започнуваат денеска и ќе траат до 18 октомври.

Меѓу клучните теми се последиците од војната на Блискиот Исток и нејзиното влијание врз цените на енергијата и дизелот, високите нивоа на глобален долг, цените на вештачките ѓубрива, како и климатските појави, како што е „Ел Нињо“, и нивното економско влијание.

Текстот Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3% е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top