Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

пред 10 месеци

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се се уште активни.

Се уште гори во подрачјето „Јасен“, во општина Македонски Брод, и во општина Струга, Октишка краста, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола се ставени три пожари: oпштина Сарај 2: село Радуша кон село Дворце каде што гори ниска вегетација, општина Арачиново (гори ниска вегетација) и општина Демир Хисар, село Мало Илино (гори дабова шума).

Како што соопшти ЦУК изгаснати се 20 пожари.

Текстот Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top