АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути

АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути

пред 10 месеци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top