Диви депонии има во секое населено место, градот тоне во смет што никнува насекаде, вели кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска.
Поради ваквата состојба, таа се обврза дека чистењето на депониите ќе биде еден од приоритетите во нејзината програма.
„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, истакна Арсовска на социјалните мрежи.
Таа во својата објава посочи декаи денеска, при посета на Матка и езерото Треска, нејзиниот тим наишол на две диви депонии кои, како што кажа, некој не сака да ги види, а уште помалку да ги исчисти.
Според Арсовска, секојдневна обврска на градот треба да биде ангажманот на контроли и инспекции со задача депониите да не се појавуваат повторно.
„До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани“, порача кандидатката за градоначалник.