Во недела прекинато водоснабдување во дел од Скопје

Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

пред 1 година

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.

Текстот Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top