Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 5 часа

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини.

Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани.

Поради неговите лоши здравствени политики починаа близу 10.000 луѓе во ковид пандемијатa“.

Филипче, додаваат од владејачката партија е човек со дамки и лузни, кои ќе ги носи целиот живот.

„И сите знаат за ова, само неговото и на Заев обвинителството, предметите ги чуваат во фиока.

Затоа, Венко Филипче треба да одговара, затоа, правда мора да има“.

Текстот Венко Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top