Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

пред 6 часа

Проф. д-р Веселинка Лаброска е новата претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам.

Tаа доаѓа на местото на досегашната претседателка на Советот, Симона Груевска-Маџоска.

Од Министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила предлогот за именување на Лаброска, која е дописен член на МАНУ и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје.

„Министерството за култура и туризам ѝ посакува успех на проф. Лаброска во работењето и очекува активно и посветено придонесување кон заштитата, унапредувањето и афирмацијата на македонскиот јазик“, се наведува во соопштението.

Покрај Лаброска, членови на Советот за македонски јазик се проф. д-р Илија Велев, проф. д-р Александра Ѓуркова, академик Марјан Марковиќ, проф. д-р Михајло Марковиќ, проф. д-р Марија Паунова, академик Катица Ќулавкова и проф. д-р Гоце Цветановски.

Текстот Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top