Вечерва и утре силен ветер со брзина од над 80 километри на час

Вечерва и утре силен ветер со брзина од над 80 километри на час

пред 56 минути

Од УХМР известуваат дека под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час.

Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 литри на метар квадратен.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.

Текстот Вечерва и утре силен ветер со брзина од над 80 километри на час е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top