(Видео) Андоновска прашува каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица

(Видео) Андоновска прашува каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица

пред 5 часа

Викторија Андоновска oд ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер и заменик министер за земјоделие Трајан Димковски, во периодот 2019–2021 година, заедно со уште четири службени лица, извршил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра.

Според Андоновска, пченицата била отпишана иако постоела и била употреблива. Таа наведе дека Димковски доставил записник до Владата за наводен кусок на житото за период 2007–2021 година, а дека владин заклучок бил донесен без дополнителни проверки.

Андоновска посочи дека до 2019 година немало извештај за кусок и дека, како што тврди, недостигот настанал од 2019 до 2021 година. Таа постави прашања до јавноста за тоа каде завршиле 2.000 тони жито и дали, како што наведе, има сомнежи дека завршиле на црниот пазар во соседна држава.

На прес-конференцијата таа постави и прашања околу можната вмешаност на ексминистерот Љупчо Николовски и повика на „правда и одговорност“, обвинувајќи дека, како што рече, СДС ги штити свои кадри.

Текстот (Видео) Андоновска прашува каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top