МВР и ЈО со денови молчат за оштетувањето на буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ во висина и до 30 милиони евра, во кои што главни актери се луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ. Молчат и не преземаат буквално ништо, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој додаде дека според новните сознанија, за кои што постојат и докази преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ од УЈП фирми блиски до СДСМ и ДУИ шемата одела со две фирми во кои едната фирма се јавувала како фиктивен побарувач на ДДВ од УЈП, а другата фирма се јавувала како должник на ДДВ во УЈП. Фирмата која што е фиктивен побарувач и приоѓа на фирмата која што е вистински должник и со правење на договор за цесија со цел пребивање на долгот кој што реално го должи фирмата должник кон УЈП за определен надомест се оштетува буџетот и целата таа операција на оштетен буџет од тие фирми кои што се вмешани достигнува во висина и до 30 милиони евра.
Арсовски истакна дека овие 30 милиони евра се пари кои што се на штета на буџетот на македонските граѓани на македонската држава требало да завршат во буџетот, и со нив да бидат реализирани капитални инвестиции, но наместо тоа најголем дел од тие пари завршиле во џебови на луѓе кои што се во врвот на власта.
Оттука уште еднаш сакаме да ги повикаме МВР и ЈО да ја откријат оваа злосторничка шема која што има проневерено 30-тина милиони евра од буџетот на Република Македонија и буџетот на граѓаните, и доколку не ги обелоденуваат и продолжат да ги кријат, тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ, а по промена на власта одговорност за овој и за сите други криминални случаеви ќе има буквално за сите, и никој нема да биде спасен. Никој нема да биде заборавен кој што се огрешил пред законот, како за вистинските реализатори на овој криминал, директните сторители, така и за прикривачите и за оние кои што помагале, изјави Арсовски.