Три дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажат дека наводно бил киднапиран пратеник и бараат брзи парламентарни избори, обвини денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Наместо да бара брзи предвремени избори губитникот Мицкоски да даде оставка затоа што ја лажеше јавноста, да даде оставка затоа што повторно се поразени неговите обиди да ја врати државата назад. Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат, а друго прават, политичари кои работат на штета на интересите на граѓаните и државата. Целата јавност виде дека Мицкоски и Димитар Апасиев се едно исто, дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ“, посочи претставникот на СДСМ.
Васев додаде и дека СДСМ, граѓаните и сите демократски сили нема да дозволат државата да биде препуштена на несериозни, неодгворни, недораснати и како што кажа, опасни политичари каков што е и Мицкоски.