(Видео) Д-р Ивановски: Апел до сите етнички заедници – во моментите кога се губи својот најблизок да се донесе одлука да се даруваат органите и да се продолжи нечиј живот

(Видео) Д-р Ивановски: Апел до сите етнички заедници – во моментите кога се губи својот најблизок да се донесе одлука да се даруваат органите и да се продолжи нечиј живот

пред 4 часа

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Видео-обраќањето на д-р Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

„Сакам да апелирам до целата македонска јавност, до сите етнички заедници, во моментите кога е најтешко, кога се губи својот најблизок, да се донесе одлука. Да се даруваат органите, со цел да се продолжи животот на другите пациенти, на кои им треба најмногу. Тоа би било една порака од срце до целата македонска јавност“, истакнува д-р Ивановски во видео-обраќањето.

Министерот за здравство, Азир Алиу порачува дека наша обврска како институции е да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот.

Текстот (Видео) Д-р Ивановски: Апел до сите етнички заедници – во моментите кога се губи својот најблизок да се донесе одлука да се даруваат органите и да се продолжи нечиј живот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top