(Видео) Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ, Мицкоски ја краде иднината на младите

(Видео) Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ, Мицкоски ја краде иднината на младите

пред 4 часа

Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски?

Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на глас. Лажеше за сè, а за што сè уште не излажа, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски, член на извршниот одбор на СДСМ.

„И додека лаже дека се загрозени македонските интереси, не кажува дека со членството во НАТО токму тие македонски национални интереси се исполнети. Исто како што не кажува дека со влез во Европската Унија ќе ги заштитиме нашите вредности и нашиот идентитет.

Како што ги излажа граѓаните пред изборите за името и за уште многу други работи, сега сака на младите, на нашите деца, да им ја украде иднината“.

Мицкоски, додава тој, не сака членство во Европската Унија и планира, како што вели, земјата и понатаму да ја држи во изолација. Неговата тактика гласи: грабеж одвнатре, изолација однадвор.

„За жал, како што кажав, сака да ги држи во заложништво нашите деца и идните генерации. Зошто? Имаме право да си го поставиме тоа прашање.

Затоа што сака и понатаму да тече историскиот грабеж, да се вршат криминални грабежи, разни сомнителни трансакции, криминални тендери – се разбира без контрола и без никаква одговорност.

Токму ова е предавство. Така ѝ се наштетува на сопствената земја“.

Според него, нашиот национален интерес се Европската Унија и НАТО.

„Сите веќе знаат, и дома и надвор, дека нашиот македонски национален интерес е заштитен. Нашиот македонски идентитет е заштитен, а внесувањето на малцинствата во

Уставот не е прашање на Бугарија, туку на самата Европска Унија.

Но, како што кажав, Мицкоски свесно ја саботира иднината на државата и иднината на нашите млади“.

И додека цела Европа се дистанцира од Орбан, Христијан Мицкоски, истакнува Жерноски, оди таму, учествувајќи во предизборјето, за да му даде поддршка.

Прашува, дали е нормално сето тоа што се случува.

„Кога Мицкоски вели дека ќе чекаме со децении и децении за влез во Европската Унија, тоа значи само едно – да продолжат криминалот и грабежот, а Македонија да остане во изолација.

Затоа не треба да има никаква дилема дека неговата агенда гласи: колку подлабоко Македонија тоне во изолација, толку подлабоки стануваат нивните џебови“.

Текстот (Видео) Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ, Мицкоски ја краде иднината на младите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top