(Видео) Изгаснат пожарот во Ново Село

(Видео) Изгаснат пожарот во Ново Село

пред 2 години

Хеликоптерот на МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода, со што пожарот кај Ново Село е изгасен, објави Министерството.

Претходно, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека попладнево избил пожар во плевна и набргу се проширил кон три куќи во Ново Село во близина на бензинска станица.

Триесетина струмички пожарникари ја гаснеа огнената стихија, а беа упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер.

Текстот (Видео) Изгаснат пожарот во Ново Село е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top