(Видео) Илиевска: Власта знаела за војната во Украина, а 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви

пред 3 години

Имавме прилика да слушнеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година дека ќе има војна меѓу Русија и Украина и цели 5 месеци државниот врв не преземал ништо во однос на обезбедување на залихи и подготовка за кризна ситуација, посочи на денешната прес-конференција Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што нагласи таа, дури на 24 Февруари бил свикан Советот за безбедност, на кој, рече, очигледно не се донесени мерки за заштита на граѓаните од последиците кои ги предизвикува оваа војна.

„Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата која ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме?Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво, и дали во земјава има доволно?“, нагласи Илиевска, која зборувајќи за предлог-мерките на ВМРО-ДПМНЕ рече дека потребно е да се реагира веднаш, зошто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад.

Share
Scroll to Top