(Видео) Кузеска: Мицкоски ги промовира ставовите на Бугарија на штета на државните позиции

пред 1 година

„Губитникот Мицкоски, соочен со уште еден пораз во Штип и нова казна од граѓаните, вчера излезе и јавно застана да ги промовира ставовите на Бугарија.Тврдењето на Мицкоски дека е потребен нов Договор со соседна Бугарија е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси.Хистеричниот Мицкоски работи против својата држава, против својот народ, во клучни моменти“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според неа, во време кога се прават исклучителни напори од нас и нашите партнери во ЕУ за да се најде взаемно прифатливо решение што ќе овозможи започнување на преговори со ЕУ, Мицкоски вели дека не треба да има решение.

„Од овде од пред Собранието упатуваме јавна осуда за оваа изјава на Мицкоски и бараме да ја повлече.Не затоа што некој му верува на Мицкоски. Не затоа што некој мисли дека Мицкоски може нешто да направи. Мицкоски е никој и ништо.Ова го бараме единствено за да не нанесува штета на државните позиции и да не ги поткопува. За потсетување, Мицкоски вака велеше дека може да направи подобар Договор и од Преспанскиот за после да се повлече.Имаме добар Договор со Република Бугарија и не е потребен нов договор, не е потребен анекс, туку доследно почитување на договореното.

Посветени сме да најдеме взаемно прифатливо решение преку дијалог со Софија, или да разјасниме одредени дилеми ако има потреба за тоа. Посветени сме на развојот на добрососедските односи, како европски држави, за заедничка иднина во ЕУ.Нашите позиции се јавни и добро познати. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара. Ние сме Македонци, кои говорат македонски јазик.Како Македонци влеговме во НАТО, како Македонци ќе влеземе во ЕУ!Македонската иднина е европска“, додаде таа.

Share

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

animeheaven The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

animeheaven es Dragon Ball (Dub)

AnimeHeaven Black Clover (Dub) Episode 164

anime website That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

AnimeHeaven Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 8

tải go88
Scroll to Top