(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир

(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир

пред 10 часа

Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.

„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

Текстот (Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top