(Видео) Мицкоски: Заев е јасно дека во преговорите со Бугарија го распродава идентитетот

пред 6 дена

За најновата изјава на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, Македонија да не се надевала на подобри работи по изборите во Бугарија, туку дека можело полошо да биде, лидерот на ВМРО_ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека она што е јасно е дека премиерот Заев го распродава македонскиот идентитет.

„ Она коешто е јасно а кое што македонската јавност може да го види е фактот дека се распродава македонскиот идентитет и ние тоа го зборуваме уште во октомври месец дека на маса се услови кои што немаат никаква врска со претходно потпишаниот договор за пријателство. Затоа што тоа се услови директно кои што претставуваат негирање на македонскиот идентитет. Од октомври месец кога прв пат на македонската јавност и соопштивме дека практично се преговара за нешто што не е дел од договорот па до денес, цело време сето тоа кое што го тврдевме беше негирано од страна на владата од Османи од Заев од Димитров и од останатите но гледаме дека таков документ постои наречете го нон пејпер наречете го роунд мап или патокас наречете го анекс наречете го како сакате, но фактот е еден дека станува збор за документ во кој што се дефинирани нови услови кои што ние треба да ги прифатиме, меѓу кои она што зачудува е да политичари и меѓувладини комисии дискутираат за бизниси, замислете за железници за автопатишта, за телекомуникации, за банки и така натаму и дополнително се дискутира за македонскиот национален идентитет“ вели Мицкоски.

Тој нагласи дека за него е несфатливо како политичар дека на маса, покрај бизнисот е и македонскиот идентитет. Тој ја повика владата и Зоран Заев и Бујар Османи и Никола Димитров да го покажат документот со 12 точки.

„ Македонската јавност не ги гласаше и на оние наместени, украдени мафијашки избори на 15 јули за да тие си играат со иднината на граѓаните и со иднината на македонскиот идентитет. На ова држава и треба конструктивна власт и затоа ги повикувам на разум веднаш да излезат со документот и да го покажат, да се охрабрат на дебатата во Парламентот кој што ја организира пратеникот Милошоски и да се појават и да дискутираат пред пратениците и пред македонската јавност. Доколку нема што да кријат, доколку не распродаваат тогаш ајде господа охрабрете се излезете пред македонската јавност и отворете ги картите. Доста е криење, доста е лажење, доста е манипулирање“ порача Мицкоски.

Share

Bloom Into You (https://animefreak.ws/m/w7ll) Episode 13 at website https://animefreak.ws hunter x hunter animefreak

Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 2 at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven au

Scroll to Top