Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон од вчерашниот протест пред Владата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски.
Првиот човек на опозициската партија на собирот најави протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крајoт на летото. Порача дека големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики. Во врска со спорот со Бугарија, Мицкоски рече дека додека е претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за да бидат бугарските барања дел од него и побара Бугарија да се извини за фашистичкото минато.