(Видео) Николова: СДСМ успешно менаџира со кризата, идеите за блокада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени

пред 2 години

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, успешно се справува со последиците од глобалната економска криза, истакна на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Се реализира пакет од 26 антикризни мерки за помош и поддршка на граѓаните и економијата, а преку одговорни политики, ќе се заштедат дополнителни сто милиони евра кои во иднина би се искористиле за нови антикризни мерки. И додека СДСМ се бори против последиците од кризата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидуваат по секоја цена да ја закочат работата на институциите. Помина една недела од најавените нови засилени блокади на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не успеаја“, нагласи Николова.

Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, како што оценува, не е ништо ново.

„Откако им пропадна првичниот обид за блокада на Собранието, денес ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади и деструкции, со цел по секоја цена да направат штета врз државата и да ги задоволат личните желби на Мицкоски. Но во белиот дворец треба да знаат дека и овие нови деструктивни идеи за блокада ќе бидат поразени, СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на себичните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ повторно ќе ги порази нови деструктивни постапки на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз граѓаните, економијата и државата“, дополни пратеничката од СДСМ.

Повика, Мицкоски да собере храброст, и да се откаже од како што го нарекува, подаништвото кон Груевски, криминалецот во бегство кој и повеќе од очигледно дека целосно ја контролира партијата.

Оценува дека ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, заробена партија во криминал и режимска матрица чие дејствување е на штета на граѓаните и државата.

Share
Scroll to Top