Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.
„Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски.
Текстот (Видео) Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза е превземен од МАКФАКС.





