(Видео) Паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина

(Видео) Паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина

пред 2 години

Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку eдинствениот број за итни повици 112 во ЦУК, биле добиени пријави и известувања за причинети штети.

Жители на Бутел преку видео ја опишуваат состојбата по невремето во оваа скопска општина.

Според ЦУК на бројот за итни повици биле добиени пријави за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.

Имало пријави за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

Текстот (Видео) Паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top