Мал патнички авион, се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија.
Засега не е познат бројот на жртвите.
Авионот се урнал околу 19 часот по локално време и се запалил, јавуваат американските медиуми.
Луѓето се предупредени да го избегнуваат местото на несреќата. Авионот при падот ги уништил електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја.