Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на НАТО Самитот се сретна со Роберт Голоб, претседател на Владата на Република Словенија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Честитајќи го формирањето на новата словенечка влада, претседателот Пендаровски изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план.
Соговорниците разговараа за прашањето на европската интеграција на Северна Македонија и регионот, кое е постојано високо на словенечката надворешно-политичка агенда, при што претседателот се заблагодари за постојаната словенечка поддршка за нашето пристапување кон ЕУ.
На средбата исто така се разговараше и за одличната соработка во областа на одбраната, која е особено значајна за двете земји како сојузнички во НАТО.