(Видео) Стефан Васев: Предлогот Јелена Жугиќ да биде во УО на МКЦ треба да се повлече

пред 5 години

„Речиси два месеци после изборот, градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажува неспособност и носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје. СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции. Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен”, изјави на денешната прес-конференција Стефан Васев од СДСМ.

Од владејачката партија наведуваат дека актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми. МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура. Тие додаваат дека се на страна на граѓаните, а ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат.

„Наместо работа, реализација на капитални проекти, гледаме дека Арсовска единствено се зафаќа со прекинување на големи и важни проекти за скопјани, со партизација на јавните претпријатија во Скопје. Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе воведе бесплатен јавен превози и ова не само што не го исполни дури го откажува проектот и за БРТ. Наместо да мисли како да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да се зафати за работи за доброто на граѓаните на Скопје”, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Share
Scroll to Top