(Видео) Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

(Видео) Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

пред 4 часа

Секое конструктивно мислење ќе биде сослушано и земено предвид, вратите се отворени за сите, но не за злонамерниците кои сакаат да ја ситнат и делат СДСМ, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

„Конструктивно мислење ќе биде сослушано, ќе биде земено предвид, вратите се отворени за сите но не за злонамерниците кои што во периодот кога почнуваме и мислам дека веќе успеваме да ја разоткриеме оваа власт каква е суштината на оваа власт корумпирана криминогена и антиевропска, се што им останува е да не ситнат и да не делат. Граѓаните тоа го препознаа дека немаат капацитет да водат државата ниту имаат желба ниту имаат визија ниту една добра политика немаат спроведено“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ останува партија која гради политики преку дијалог и вклучување на различни ставови, но нема да дозволи дејствување во интерес на политички противници.

„Суштината е да се постигне консензус, да се изградат политики врз основа на различни мислења на многу луѓе и јас и раководството го правиме сето тоа во изминатите повеќе од година и пол. Така било, така е, и така ќе биде и тоа е суштината на градењето на добри политики, да се сослуша секој еден, но некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ јас тоа нема да го дозволам“, рече Филипче.

Текстот (Видео) Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top