(Видео) Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

(Видео) Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

пред 11 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историскиската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност.

„Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е од автократијата! Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата“, истакна Филипче.

Тој потенцираше дека оваа победа има силна регионална порака.

„Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува. Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски. Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија. Доаѓа време на правда и одговорност“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека падот на режимот на Виктор Орбан е директно поврзан со политичките и бизнис врски што ги градеше ВМРО – Организирана криминална група во Македонија.

„Владата на Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси. Телекомуникациите, енергетиката, медиумите – сè беше поврзано со кругот на Орбан“, рече Филипче.

Претседателот Филипче додаде дека со падот на Орбан ќе се отворат и прашањата за бизнис-релациите и додаде дека СДСМ ќе бара целосна истрага за сите бизнис комбинации.

„Со падот на Орбановиот режим во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на светло. СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Доаѓа време за вистина, правда и одговорност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Текстот (Видео) Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top