(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

пред 22 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.

„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.

Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.

Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.

„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото“, изјави Филипче.

„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.

Текстот (Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top