(Видео) Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса

(Видео) Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса

пред 4 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други политички партии, работат на ослабување на СДСМ, како што тврди, по налог на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче.

Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ се состанувале со претставници на Левица, за која рече дека застапувала ставови против НАТО и ја оцени како проруска партија.

„Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче.

Според него, групата веќе една година работи против СДСМ, преку ширење, како што наведе, невистини и клевети.

Филипче праша зошто овие активности се интензивираат токму сега, кога, според неговите тврдења, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст.

Тој оцени дека со внатрепартиските случувања се одвлекува вниманието од прашања што СДСМ ги отвора во јавноста, меѓу кои плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите.

Филипче нагласи дека СДСМ продолжува со консолидацијата и со подготовка на политики, а партијата, според него, останува носител на опозициското дејствување.

„СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата. Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, истакна Филипче.

Текстот (Видео) Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top