(Видео) Хит на социјалните мрежи стана снимка со „нарушени меѓузајачки односи“ во Куманово

(Видео) Хит на социјалните мрежи стана снимка со „нарушени меѓузајачки односи“ во Куманово

пред 3 часа

Необична и забавна снимка од селото Куново во општина Гостивар привлече внимание на социјалните мрежи, откако на неа се гледаат два зајаци кои стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, како да се во „сериозна расправија“.

Видеото е објавено со доза на хумор од локалните жители, кои на шега напишале: „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, што дополнително ја засили реакцијата на корисниците на интернет.

На снимката, двата зајаци се движат еден кон друг, се исправуваат на задните нозе и се тепаат како на бокс меч, а многумина на социјалните мрежи го протолкуваа како комична сцена од природата.

Куново, кое се наоѓа во општина Гостивар, не е првпат да стане тема на онлајн реакции, но овојпат вниманието го привлече токму ова кратко и забавно видео.

Снимката брзо се прошири и предизвика бројни коментари, при што корисниците се шегуваат дека „дури и зајаците имаат свои недоразбирања“.

Видеото е преземено од фејсбук страницата на село Куново.

Текстот (Видео) Хит на социјалните мрежи стана снимка со „нарушени меѓузајачки односи“ во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top