(Видео) Цветановска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД

пред 10 часа

Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД, вели Благица Цветановска, кандидат за советник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и правел ДУП ови по мерка на урбаната мафија.

Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан криминалец им одговара на Филипче и Заев и на СДС. Затоа Маја Мојсова ја избраа да биде статист на овие избори и да послужи само како сад за прелевање гласови во вториот круг кај нивниот вистински кандидат – Стевчо Јакимовски“.

Маја Мојсова молчи и не кажува до крај, додава Цветановска, кој ќе ја одигра својата улога на статист на овие избори која и ја дадоа Венко Филипче и Зоран Заев, кои се договорија со Стевчо Јакимовски за поддршка или ќе покаже грам доблест и интегритет и ќе се спротистави на бетонизацијата на Карпош која ја планира Филипче и Заев преку Стевчо Јакимовски.

„Маја Мојсова мора да каже јасно и гласно дали во вториот круг ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за бетонизација на Карпош по мерка на Филипче и Заев, за сметка на граѓаните кои ќе добијат запуштена општина“.

Текстот (Видео) Цветановска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top