(Видео) Цените растат – кошничките на власта се лага што граѓаните ја препознаваат, вели Ристова

(Видео) Цените растат – кошничките на власта се лага што граѓаните ја препознаваат, вели Ристова

пред 2 години

Цените на производите во продавниците и понатаму растат, граѓаните живеат сè потешко и потешко, народот станува сè посиромашен.
Тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во ноември оваа година достигна 4,3 %, истакна на прес-конференција Лолита Ристова, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Оваа бројка, оценува таа, не е само статистика, туку покажува колкав е ударот врз џебот на секој наш граѓанин, врз секој семеен буџет.

Владата, како што вели, води целосно погрешна економска политика, мерките со таканаречените кошнички немаат никаков ефект, напротив, цените растат, инфлацијата ги јаде платите, а стандардот на граѓаните опаѓа.

„Во спредба на октомври 2023 година и октомври 2024 година трошоците за живот се зголемиле 3,5 проценти, а цените на мало се зголемиле 3,9 проценти за овој период. Ова е потврда дека есенската кошничка не даде никаков, буквално никаков резултат. На едно четиричлено семејство му требаат 62.021 денар за да може да го помине месецот. Новогодишната кошничка, која сега повторно се најавува, исто така нема да има никаков ефект затоа што власта им остави време на трговците, кои веќе ги зголемија цените. Кошничките се лага и измама, Владата го храни народот со лаги, цените само растат, а платите стојат. Животот во Македонија со власта на ДПМНЕ станува луксуз за обичниот човек“, додава Ристова.

СДСМ, како што напомена, уште еднаш бара итно прифаќање на предлозите што ги даде СДСМ, кои докажано функционираат и ќе ги намалат цените вистински и на долг рок. Првин со укинување на ДДВ за храната, а потоа и со покачување на платите.

„Доста е од лаги и манипулации, кои граѓаните сами ги препознаваат во маркетите. Секоја лоша политика на Мицкоски удира директно по џебот на граѓаните.

Крајно време е Владата нешто да почне да работи за да го заштити стандардот на граѓаните. Во спротивно, оваа зима ќе остане запаметена како периодот кога народот скапо ја платил нивната неспособност“, посочи Ристова.

Текстот (Видео) Цените растат – кошничките на власта се лага што граѓаните ја препознаваат, вели Ристова е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top