Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во континуитет со поддршка на македонските граѓани бараат враќање на старата цена на струјата. РКЕ заедно со Марко Бислимовски се поставени како инструмент на политиката на Зоран Заев и неговите министри, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Од тие причини барањето е следно:
Бараме веднаш враќање на старата цена на струјата. Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата кои што ги имаат, односно ги немаат македонските граѓани.
Од тие причини бараме час поскоро враќање на старата цена и разрешување на Марко Бислимовски како послушник на Зоран Заев и неговите министри. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Марко Бислимовски да си поднесе оставка и целата РКЕ. Затоа што во оваа сиромаштија, во овие отпуштања кои што ги имаме во Македонија, во овој економски колапс кој што ни се случува, да се зголемува цената на струјата е ништо друго освен терор, економски терор врз стандардот на граѓаните на Македонија.
Значи час поскоро да си поднесе оставка РКЕ, ако не си поднесе оставка, да биде разрешена. Да се именува професионална РКЕ, луѓе кои што си ја знаат работата, а не кои што ќе бидат први да се сликаат во штабот на СДСМ и да си ја работат работата онака како што треба.
Ова се главните работи кои што сакаме да ги порачаме, ова се главните пораки кои што сакаме да ги соопштиме и во овие наши настојувања ќе продолжиме да инсистираме на ова. Ова е важно за илјадници и илјадници семејства низ цела Македонија. Ова е важно за македонската економија која што во моментов е на колена.
Никогаш наназад 30 години сме немале поголема криза, никогаш повеќе сме немале ваков скок на невработеноста уште од времето на транзицијата и на врв на сето тоа во ситуација каде што во еден куп европски земји се намалува цената на струјата, се намалуваат давачките, се намалуваат казните, во Македонија се случува обратното“ рече Ѓорчев.