(Видео) 17 прекршувања на забраната за движење, 392 санкции за неносење маска

пред 4 години

Полицијата соопшти дека 17 лица не ја почитувале забраната за движење во текот на ноќта, односно од полноќ до 4 часот наутро.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 392 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Share
Scroll to Top