(Видое) Стоилковски: Инспекторите да ја погледнат луксузната зграда на Петре Шилегов

пред 2 години

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска во Општина Карпош ги повика инспекторите заедно да ја погледнат луксузната зграда на Петре Шилегов.

Oд име на опозициската партија, Стоилковски поденесе барање за посета од страна на градежниот инспекторат на зградата, со цел, да ја утврди фактичката состојба за постоење на документи, за градење во рамки на ДУП, и за градење без информативна табла задолжителна според Законот за градба на која што треба да стои инвеститорот –  кој е тој што гради, според кое одобрение и кога треба да заврши.

„Го понесов имотниот лист на Петре Шилегов чие што менување се изврши во сабота, на четврти септември откако беше прозван. Тука стои дека правосилноста на одлуката за добивање на градежното земјиште е од 03.09.2021 година. Ова значи дека Шилегов не го поседувал земјиштето кога го добил она одобрение за наводна реконструкција на неговиот објект. Од комуналната инспекција не известија дека комуналните редари редовно биле на терен, но не знам како ја утнале улицата ‘Петре Пирузе’ – адресата на градоначалникот во заминување Петре Шилегов“, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече и дека се надева оти Петре Шилегов ќе биде доблесен да одговори кои се фирмите кои што работат на неговата семејна луксузна зграда и дали тие фирми можеби можат да се доведат во релација со тендерите на Град Скопје, како и дали воопшто има направено финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга.

Share
Scroll to Top