На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност, соопшти Владата.
„Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се присетуваме и на сите други народи кои во различни времиња биле погодени од страдања, прогони и неправди- меѓу кои и македонскиот народ, кој во 20 век ги почувствува последиците од политичко насилство и егзодус.
Да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат“.
Текстот Владата оддаде почит за жртвите од Сребреница: Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот е превземен од МАКФАКС.