Владата одобри инвестиции за соларни електрани во Делчево и Карбинци вредни 116 милиони евра

пред 3 години

Владата на денешната 125. седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати на Друштвото за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје.

Соларната електрана вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во Делчево.

Владата на денешната седница донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје, која што ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра.

ХЕК СОЛАР МК соларната електрана ќе ја гради во атарот на Долни Балван во општина Карбинци.

Share
Scroll to Top