Владата денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе ѝ се предложи на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот.
Во Буџетот, како што кажа, моментно има 100 милиони евра на располагање кои не се искористени од фондот за справување со ковид пандемијата.
Владата на 30 октомври донесе Уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија, а како што објаснија тогаш од Министерството за економија таа е донесена со цел нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика.