ВЛЕН: ДУИ две години молчеше за Државната лотарија, а сега бара меѓународен надзор

ВЛЕН: ДУИ две години молчеше за Државната лотарија, а сега бара меѓународен надзор

пред 4 часа

ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега, прашуваат од ВЛЕН.

„Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам дури и да им го споменат името. Правда ќе има за сите. И за оние кои две децении ја злоупотребуваа власта и државните функции за да си ги полнат сопствените џебови. Списокот на афери и обвиненија поврзани со функционери на ДУИ е толку долг, што дури и нашиот стратешки партнер, САД, јавно зборуваше за „ендемска корупција“ и презеде конкретни мерки против фигури од оваа партија“, велат од ВЛЕН.

Затоа, додаваат од таму, ДУИ треба да разбере едно: законот не признава партиски фотелји, привилегии и политички штитови, правдата ќе биде еднаква за сите.

Текстот ВЛЕН: ДУИ две години молчеше за Државната лотарија, а сега бара меѓународен надзор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top