ВМРО-ДПМНЕ: Владата да го прифати нашиот предлог за повисоки плати и пензии

пред 3 години

Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати и пензии, инфлацијата го осиромашува народот, соопшти опозициската партија.

„ ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе амандман на Законот за минимална плата со кој се предвидува усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средните училишта ќе достигнат 45 илјади денари.

Раст на платите ќе има и на административно техничкиот персонал. Општ раст на платите е потребен заради лошите економски мерки на СДСМ и инфлацијата која ја предизвикаа. Народот е се посиромашен и потребно е покачување на платите со цел граѓаните да не ја почувствуваат кризата“ се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека поднеле и предлог за покачување на пензиите за 20%. СДСМ да не бега и да ги поддржи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од опозициската партија.

Share
Scroll to Top