ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе протестира со возила во Скопје, Охрид и Прилеп

пред 6 месеци

ВМРО-ДПМНЕ најави дека во вторник, 13 октомври, во 18 часот, ќе се одржат протести со возила во Охрид, Прилеп и Скопје против поскапувањето на струјата.

„Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт. Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари“, се вели во најавата за протестите.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, додаваат од партијата, уште еднаш ќе порачаат да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот.

Share

WCOStream wcostream we bare bears: Wonder Egg Priority (https://wcostream.cc/m/QWkw) Episode 12

AniWatch watch anime free: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://aniwatch.pro/m/eMQd) Episode 1

Scroll to Top