ВМРО-ДПМНЕ: Ги поддржуваме ставовите на НАТО во однос на Украина

пред 2 години

ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација, велат од опозициската партија.

„За ВМРО-ДПМНЕ почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни.

ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес“, се наведува во партиското соопштение.

Share
Scroll to Top