ВМРО-ДПМНЕ: Додека Скопје гори, таткото на Град Скопје, Шилегов се сончаше на плажите во Хрватска

пред 3 години

Ниту една шминка нема да го покрие неработењето на Шилегов, реагира преку соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со фалбите за изградбата на двонасочна велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“ во општината Гази Баба која е во тек не може да ја затскрие неспособноста на Шилегов, додаваат од оваа партија.

„Додека пукаат скапо платените плочки на кеј, додека Скопје гори, таткото на Град Скопје, Петре Шилегов се сончаше на плажите во Хрватска. Петре Шилегов единствено ќе биде запаметен кај скопјани по преспаниот мандат во кој ништо не сработи од ветеното. Паразитот Шилегов е должен на скопјани да им каже каде се 12,5 милиони евра кои ги доби со продажбата на зградата на Град Скопје? Дали тие пари се веќе потрошени и за што се потрошија, бидејќи ниту има зграда на Град Скопје, ниту има нешто изградено?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Паразитот Шилегов, како што го нарекуваат, треба да одговори до каде е ветениот тунел под Кале, каде се мостовите, зиплајнот и десетици други проекти со кои ја бараше довербата од граѓаните на Скопје во локалните избори, пишува во соопштението.

Share
Scroll to Top